Датум:    13-14 март 2019        Локација: Самсун, Турција

Трговската и индустриска комора на Самсун во соработка со здружението МОБИД (Произведувачи на мебел и Здружение на бизнисмени Самсун) организира Б2Б настан за  време на Самсунскиот саем за декорација на мебел 2019. Саемот ќе се одржи од 12 до 17 март, а настанот за вмрежување е закажан за 13 март. Во рамките на настанот, на 14 март ќе бидат организирани и посети на локалните производители на мебел.

Посетителите на саемот се генерално компании од секторот за мебел и декорација кои исто така се и главните учесници на средбите за вмрежување. Учеството на настанот за вмрежување е бесплатно а трошоците за сместување и локален транспорт се покриени од МОБИД.

Сите заинтересирани и вклучени во секторот за мебел и поврзаните индустрии се поканети да да се регистрираат за настанот со пополнување на онлајн формуларот за апликација: http://www.samsuntso.org.tr/e-form?formId=14&lang=en , најдоцна до 7 март 2019 година.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891