Одлична можност да закажете состаноци 1:1 и да разговарате за идеи за заеднички проекти и градење на конзорциум.
Настанот овозможува вовед во програмата Хоризонт Европа и нејзините перспективи од страна на претставници од Европска Комисија, Министерство за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора, Министерство за  економски развој и Стопанска комора на Црна Гора. 
Настанот за вмрежување ќе им даде можност на потенцијалните апликанти од Црна Гора да се сретнат со меѓународни партнери и да разговараат за идеите за заеднички проекти и да градат конзорциуми. Главниот дел од настанот ќе опфати он-лајн билатерални средби со партнери заинтересирани за истите теми за повиците за 2022 година. По успешната регистрација и поднесување на профилите за соработка, учесниците ќе можат однапред да договорат билатерални состаноци со користење на онлајн B2B алатка.

Настанот ќе вклучува:
  • Панел сесија со претставници од Европска Комисија, Министерството за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора, Министерството за економски развој и Стопанската комора на Црна Гора.
  • Можност за закажување на 1:1 состаноци со можност за потенцијални соработки
  •  
Адресирани теми:
  • Презентација на клучните елементи на Хоризонт Европа
  • Презентација на повиците за 2022 година
  • Презентација на програми и активности од областа на иновациите
  •  
Зошто да учествувате во Хоризонт Европа:
Програмата ја олеснува соработката и го зајакнува влијанието на истражувањето и иновациите во развојот, поддршката и имплементацијата на политиките на ЕУ додека се справува со глобалните предизвици. Поддржува создавање на знаење и технологии.
Отвора работни места, целосно го вклучува фондот на таленти на ЕУ, го поттикнува економскиот раст, ја промовира индустриската конкурентност и го оптимизира влијанието на инвестициите во зајакнатата Европска истражувачка област.

Како може да имате корист од овој настан:
  • Промовирајте ја вашата институција, организација или компанија, нејзините проекти и потреби на другите учесници на настанот
  • Иницирајте и организирајте состаноци 1:1 на настанот со различни засегнати страни од други земји
  • Воспоставете нови врски и контакти
  • Обезбедете видливост на институцијата, организацијата или компанијата и изразување интерес за учество во Хоризонт Европа

Како да се регистрирате: https://horizon-europe.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891