Локација: Барселона, Шпанија
Датум: 26-28 февруари
 
„Mobile World Congress“ е најголемиот и најзначајниот настан од мобилната индустрија.  На светската изложба учествуваат производител на мобилни уреди, добавувачи на технологија и продавачи од целиот свет. Од својот почеток во 2006 година настанот  секоја година ја зголемува својата популарност. „Февруари во Барселона“, традиционално девет години на најголемиот настан за мобилната индустрија!
Во 2017-та земаа учество околу 1.700 учесници:
  • претставници од 166 влади
  • 29 меѓународни организации,
  • највлијателни лидери на телекомуникациите во светот, меѓу кои и претставници од Македонија.
До 2020 година, речиси три четвртини од светското население - 5,7 милијарди луѓе - ќе се претплатат на мобилни услуги.
Програмата за оваа година ќе ги собере високите владини и индустриски лидери за да се истражи како мобилното поврзување носи иновации и раст во повеќе сектори и разменува идеи за политиките потребни за создавање подобра иднина. Настанот е структуриран со три клучни теми:
  • Прв ден: Создавање на подобра иднина во светот во кој сите сме поврзани. Како 5G и дигиталната иднина влијаат врз социјалната  и економската заедница?
  • Втор ден: Модернизирање на политиката за дигиталната ера. Kои се најдобрите практики за ажурирање на регулативата, обезбедување на приватноста на паметните податоци и промовирање на дигиталниот ангажман во нашиот сè повеќе поврзан свет?
  • Трет ден: Моќта на мобилните уреди.  Како мобилната индустрија работи со владата и другите индустрии за да го зголеми ангажманот на граѓаните со цел да се справи со недостигот на дигитални вештини и локално релевантни содржини?
 
Во рамки на конференцијата ќе се реализира брокерски настан за б2б средби. Секоја компанија која ќе се регистрира ќе има можност да оствари 20-минутна средба со потенцијални идни соработници.
 
Регистрацијата е отворена до 12ти февруари на https://events.b2match.com/e/mwc2018.
 

Повеќе информации за настанот: https://www.mobileworldcongress.com/about/
Лице за контакт: Александар Филипоски aleksandar.filiposki@yes.org.mk