Германската компанија Scognitive GmbH бара партнер - софтверска компанија за соработка на проектот „MediCall“ во рамките на Хоризонт 2020 повикот „Cross4Health". 
 
„MediCall“ претставува „cloud“ сервис каде пациентите може да ги зачувуваат своите здравствени податоци со можност за лесен и брз пристап до истите во секое време. Ова дозволува пристап до заедничка, организирана и пациент-ориентирана медицинска платформа, независна од здравствените установи.  Целта е, собраните информации да се искористат за креирање на алатка за дијагностицирање која со помош на компјутер и вештачка интелегенција ќе овозможи точно и персонализирано следење на здравствената состојба. 

За таа цел, Scognitive GmbH бара партнер со следните квалификации:

-  софтверска компанија специјализирана/со искуство во развој на „cloud“;
-  софтверска компанија специјализирана/ со искуство  во дата бази;
-  софтверска компанија специјализирана/ со искуство во развој на софтвер: мобилни апликации, веб апликации, fron end, back end;
-    софтверска компанија специјализирана/ со искуство во „data mining“ или учење на машини.

Повеќе информации за повикот  „Cross4Health" во рамките на програмата Хоризонт 2020 може да најдете на следниот линк:  https://cross4health.eu/2ndOpenCall.html

Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891