ДАТА: 11 мај 2020 
ЛОКАЦИЈА: Виртуелен настан за вмрежување преку онлајн платформа: https://aaic2020.b2match.io/home 

Конференција за користење на Вештачка интелигенција која ќе се одржи на 11 мај 2020 година ќе биде на следната тема: Да направиме Вештачката интелигенција да работи за Вашиот бизнис!
 
Со регистрација на оваа конференција ќе имате можност да научите како да:
  • Користете случаи на вештачка интелигенција за деловни активности
  • Се регистрирате на однапред договорени состаноци 1:1 со можност да погледнете кој е регистриран и да создадете свој распоред
  • Слушнете говори од реномирани меѓународни експерти
 
Конференцијата ќе биде проследена од повеќе од 600 учесници од целиот свет преку Интернет, отворена за давателите на решенија и потенцијални корисници на решенија за Вештачка интелигенција. Б2б средбите за вмрежување ќе бидат проследени онлајн 1:1 и се очекуваат да бидат реализирани повеќе од 1000 виртуелни состаноци. Учество ќе земат големи корпорации, МСП и старт- ап компании.
 
Искористете ја онлајн платформата за да се поврзете со луѓето кои работат во полето на Вештачката интелигенција и овозможете си ефикасно вмрежување. Искористете ја можноста и презентирајте ја вашата компанија објавувајќи јасен профил. Колку повеќе детали поставувате на вашиот профил, означувајќи ги вашите деловни полиња, понуди и интереси, толку повеќе ќе имате корист од алатката за пронаоѓање на соодветни партнери за соработка.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 
Како да се регистрирате: https://aaic2020.b2match.io/page-1711

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891