Дата: 19.07.2021 
 
Пронајдете го вашиот деловен партнер денес! 
 
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во соработка со Приштина РЕА во склоп на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) организираат компаниска мисија што ќе се одржи на 19 јули 2021 година во  Хотел Белви Скопје.
На бизнис форумот ќе учествуваат стопанственици од ИКТ секторот, дрвна индустрија и мебел.
Бизнисмените од Косово ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава како и да остварат средби со македонски компании за соработка.
Дополнително, компаниите од Косово ќе имаат можност да дознаат повеќе за можностите за инвестирање во  Македонија.
 
Целни сектори:
• Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ)
• Дрвна индустрија
• Мебел
   
Агенда:
09.30 – 10.00 Регистрација
10.00 – 10.30 Воведно обраќање
10.30 – 12.30 Б2Б средби (сесија 1)
12.30 – 13.30 Пауза за ручек
13.30 – 15.30 Б2Б средби (сесија 2)

Зошто да се учествува?
  • Компаниската мисија ќе ви помогне да најдете  деловни партнери од Косово 
  • Проширете ја вашата деловна мрежа
  • Споделете го вашето искуство со меѓународни деловни контакти од Косово
  • Бидете во тек со трендовите на пазарот и идентификувајте ги технолошките иновации
  
 Учеството на настанот не се наплаќа. 
Сите заинтересирани компании од секторот на информатичко-комуникациски технологии, дрвна индустрија и мебел кои сакаат да учествуваат на настанот потребно е да се регистрираат на следниов линк


Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891