Реф. број: BOUK20160823005

Компанија од Велика Британија со над 18 годишно искуство ги нуди своите услуги за компании од козметичката индустрија, лична нега и хигиена за усогласување со регулаторните барања за пласман на ЕУ пазарот. Компанијата има развиено решение кое се прилагодува на потребите на клиентите и ги опфаќа сите аспекти кои се потребни под ЕУ Козметичката Регулатива (Regulation (EC) No 1223/2009).
 
Козметички компании кои не се дел од Европска Унија а сакаат да ги продаваат своите производи на ЕУ пазарот треба да имаат „одговорно лице" кое ќе ја превземе одговорноста за тие производи, т.е. да ги стави на продажба и да ја следи усогласеноста во однос на безбедноста и квалитетот.
 
Компанијата дејствува како трето „одговорно лице" за компании надвор од Европска Унија преку обезбедување усогласеност со:
  • Назначување и должности на одговорно лице
  • Информации за производот и проценка на безбедноста
  • Етикети за козметички производи и побарувања
  • Тестирање на козметички производи
  • Известување до Европската Комисија
  • Обука за козметичката регулатива ЕК 1223/2009
  
Контакт лице
Eмилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk