TOTR20190321001
Компанија од Турција специјализирана во областа на инжинерските услуги во автомобилската индустрија бара партнери за развој на проект за редуцирање на потрошувачката на горива кај комерцијалните автомобили преку редуцирање на влијанието на возачите врз истото. Се бараат партнери за истражувачка соработка за идно тестирање и подготовка на заеднички проект за Хоризонт 2020 или Еурека програмите.

Бараниот профил на партнери и експертизи кои би помогнале во различни етапи од проектот се:
 
  • Оператори на службени возила кои сакаат да ги следат возилата од своите централни локации или преку мобилни апликации да ги предупредуваат возачите за неочекувани однесувања
  • Општини кои имаат службени возила и сакаат да го следат однесувањето на возачите
  • Останати  инженери, компании или истражувачки институти – за менаџмент на флота возила и визуелен менаџмент
 
Секоја улога на проектниот партнер ќе биде дополнително консултирана и аранжирана во детали за време на драфт- етапата на проектот.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891