BOBG20160603002
 
Бугарската компанија основана во 2003 година во Пловдив произведува и нуди квалитетни козметички производи за коса и за тело преку формула од сопствената лабораторија од страна на специјалисти со значително искуство во областа на здравството.
 
Во 2005 година компанијата доби овластување од Бугарската агенција за лекови за производство на лекови во согласност со барањата на стандардите GMP. Една година подоцна компанијата започна со производство на додатоци во исхраната под своја трговска марка. Денес компанијата е производител на висококвалитетни козметички производи, кои се поделени во две серии - нега на коса и нега на тело. Производството е организирано во согласност со барањата на GMP (Good Manufacturing Practice) стандардите за производство на козметички производи.
Серијата за нега на коса вклучува повеќе од 15 производи со различна намена и ефект, поделени во неколку групи - шампони, кондиционер, спрејови, серуми и маски. Во серијата за нега на тело се вклучени дневни и ноќни креми за лице и тело, гелови за туширање, креми против стареење (anti-age), дезодоранси и парфеми.
Компанијата сака да склучи договор за дистрибуција со искусни партнери кои ќе можат да го привлечат вниманието на локалните клиенти за предностите на понудените производи.
 
Лице за контакт:
Емилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk
T: +389 (0) 2 3108 891