Датум: 12-14 март 2019   Локација: Париз, Франција

JEC е најголемата индустриска организација за композити во Европа и светот, со мрежа составена од повеќе од 250 000 професионалци која ги поврзува сите сегменти од индустријата за глобални композити и го поддржува развојот на композитните материјали преку поттикнување на трансферот на знаења и размена помеѓу добавувачите и корисниците.

На годишниот JEC Composites Show во Париз, Bayern Innovativ ќе организира заеднички штанд со експерти за материјали од индустријата, универзитети и кластери.
За време на настанот ќе биде организиран и мал настан за вмрежување наменет за малите и средни претпријатија, универзитетите, истражувачките центри и останатите заинтересирани страни од секторот за материјали, кои се заинтересирани за иновации од Баварија и изнаоѓање нови партнери за транснационална соработка.

Учеството на настанот за вмрежување е бесплатно отворено за сите изложувачи на саемот JEC, посетители и експерти во областа на композити, со претходна регистрација и влезница за саемот.

Линк за регистрација: https://eenpartnering-jecworld2019.b2match.io/

Краен рок за регистрација: 8 март 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891