BOIT20191031004


Италијанска компанија, основана во 1976 година, која се наоѓа во регионот Кастелана Грот (Бари) произведува разни видови замрзнати тестенини. Во моментов производството на компанијата  нуди замрзнати тестенини, но и суви тестенини, кои се продаваат  во супермаркети.
Произведени во локалната област, тестенините не подлежат на  хемиски третман за да бидат заштитени од долг транспорт и складирање. Ова и овозможува на компанијата да биде избрана меѓу извонредните компании во Европа за кетеринг на важни авиокомпании која обезбедува готови оброци.
Компанијата започна да произведува ново свежо мени со готови оброци подготвени од стручни раце на готвачите. Изборот содржи предјадење (ладно или топло), прво јадење (лазања, канелони), второ јадење (месо, риба) и ладни салати од тестенини. Постојат и предлози за вегетаријанци и вегани.
Оваа компанија сака да ги направи своите производи препознатливи надвор од својот регион. Бара увозници и дистрибутери со цел да ги претстави производите понудени на сите дистрибутивни канали и да го зголеми присуството на оваа марка на постоечкиот пазар. Заинтересирана е да соработува со трговци на големо и мало во Европа според договор  за дистрибуција.

 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891