RDIT20190325001
Компанија од Италија која нуди софтверски решенија за овозможување и забрзување на 3Д дизајнот на најновите електронските производи бара 3 технолошки партнери за подготовка на апликација на повикот од Европскиот совет за Иновации - H2020 Fаst Track to Innovation. Во моментот, компанијата аплицира и доби позитивен одговор за МСП Инструмент фаза 1 и 2 програмата на ЕУ. Целта на проектот е уредување и демонстрација на напредна I/O planning technology која го намалува времето за дизајн и овозможува повисоко ниво на интеграција на 2.5D и 3D-IC во следната генерација на електронски производи на европскиот пазар и пошироко.

За потребите на проектот, компанијата бара 3 профили на партнери:
 
  • Internet of things и AI инженерска компанија од средна големина
  • Дизајн студио или Семикондуктерска компанија
  • Софтвер за истражување и развој: ИР организација, универзитет, компании специјализирани во развој на алатки за модерна соработка
 
Краен рок за апликацијата на проектот е 22 октомври 2019 година.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891