Датум: 13 декември  Локација: Хотел Босна, Бања Лука
 
Со големо задоволство ве покануваме да учествувате на  „IT Conference Banja Luka 2018“ која ќе се одржи на 13 декември во Хотел Босна, Бања Лука.
 
Конференцијата ќе вклучува панел сесија и B2B matchmaking настан каде компании од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија ќе се соберат на едно место со цел да ја развијат бизнис соработката помеѓу компаниите од регионот.
 
Краен рок за регистрација на конференцијата и B2B matchmaking настанот е 6 декември. Учеството е бесплатно а регистрацијата задолжителна.
 
Трошоци за сместување за 5 лица од Македонија ќе бидат покриени од организаторите.
 
Агенда на настанот и детали за регистрацијата може да пронајдете на следниот линк: http://itconferencebanjaluka.talkb2b.net/
 
Конференцијата „IT Conference Banja Luka 2018“ е организирана од Центар за Иновации Бања Лука, Државна Агенција за Развој на Мали и Средни претпријатија на Република Српска,  Универзитет на Бања Лука и Универзитет на Источно Сараево.
 
Контакт лице:
 
Александар Филипоски 
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mк 
Phone: +389 (0) 2 3108891