Enterprise Europe Network на 3ти и 4ти октомври во Барселона организира брокерски настан каде иновативни компании ќе имаат можност да закажат и реализираат 30-минутни бизнис средби со фирми за потенцијална соработка. Фокус на настанот се сите индустриии кои се под влијание на интернет на нештата (Internet of Things): производство, енергија, транспорт, здравство и градежништво.
Зошто да учествувате?
 
  • Идентификувајте потенцијални меѓународни партнери за идни проекти
  • Запознајте компании од многу сектори
  • Учествувајте на конференција со однапред закажани б2б состаноци
  • Заштедете време и финансии во процесот на воспоставување интернационални партнерства
  • Секој учесник со повеќе од 2 состаноци ќе добие карта за учество на меѓународна изложба
 
Регистрирајте го вашето учество најдоцна до 15ти Септември. Учеството на настанот не се наплаќа!
Повеќе информации за настанот можат да се најдат на https://www.b2match.eu/iot2017