Реф. број: TORS20161024002
 
Српска компанија нуди апарат за подобрена локализирана редукција на маснотии со користење на процесот на ултразвучна липострукција. Клучен иновативен аспект на апаратот е поврзаноста со неговиот специјално дизајниран медицински софтвер кој ги контролира релевантните биохемиски параметри во крвта.
 
Техничките спецификации на апаратот се:
  • Нова генерација на допир кој овозможува високо,сигурно и безбедно работење
  • Микропроцесор за контрола на моќноста и зачестеноста на ултразвучните бранови
  • Работна температура: -20 до 60 °C
  • Фреквенција: 28KHz
 Предности и иновации
  • Високо ниво на безбедност поради специјално дизајнираниот медицински софтвер кој ги контролира параметрите на биохемиската крв и овозможува трајно складирање
  • Подобрени комуникациски функции на софтверот вклучувајќи електронски известувања за износот и интензитетот на извршениот третман
  • Ефикасно намалување на маснотиите без оштетување на масните клетки и сврзното ткиво
  • Стручен персонал кој обезбедува помош во реално време и технички модификации во согласност со барањата на клиентот
Вид и улога на партнерот
Вид на бараниот партнер: Производители (мали и средни претпријатија) на електро-медицински помагала;
Специфична област на активност на партнерот: Производство на електро-медицинска опрема за естетика на лицето и телото, хирургија, физикална медицина и рехабилитација;
Улога на партнерот: Партнерите се очекува да го претстават предложениот апарат во нивното постоечко портфолио. Српската компанија ќе обезбеди неопходна техничка поддршка.
 
Контакт лице
Eмилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk