Неформално образование

 За да ги видете сите обуки кликнете овде.

 
Презентирај + промовирај = ДОБИЈ ПОВЕЌЕ!
ПСМ Фондација заедно со Trajkovski & Partners повторно организираат интересна обука и тоа за Маркетинг!
  
Обуката ќе се одржи на 29 мај 2010, од 09 - 17 ч, во просториите на Инкубаторот.
На располагање се вкупно 20 места, па пријавувањето е на принцип first come first served. 
 
 
 
 
Обуки за почетници (Windows XP, Microsoft Office Word, Excel, PowerPoint, Internet)
Глобал Нет нуди обуки за почетници за изучување на Windows XP, Microsoft Office Word, Microsoft Office Excel, Microsoft Office PowerPoint и Internet.
Целиот пакет обуки е во времетраење од 2 месеци.
Повеќе...
 
Обуки на тема Презентациски Вештини, во соработка со Горан Петрески – заменик главен и одговорен уредник во А1Телевизија

 Целта на овие обуки е учесниците да се запознаат со основните елементи на изработка на презентација и најдобрите начини на презентирање. Ќе дознаат како да го победат својот најголем страв од комуникација пред многубројна публика и на тој начин да го унапредат својот личен имиџ и имиџот на својата компанија.

Повеќе...
 

   Cisco Entrepreneur Institute

   Обука за Starting a business

 
Starting a Business е практичен и сеопфатен курс кој претставува комбинација од онлајн материјали и сесии кои се одвиваат во училница. Содржината на курсот е специјално дизајнирана и им нуди на неговите учесници потребни знаења и вештини за успешно започнување и водење на бизнис. По завршувањето на курсот, учесниците ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат и вештини за подготовка и спроведување на детален бизнис план. Најдобрите три бизнис планови ќе добијат финансиска награда од ПСМ фондација, која ќе им помогне да основаат сопствен бизнис.

Повеќе...
 
Обуки CS Global

Преземи pdf.

 
Подобрете го вашиот англиски!

 

Пробајте како зборуваат германците, додека ја водат Европската економија

Повеќе...
 


Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Секогаш кога нешто барате не е на последното место на кое ќе побарате, туку на првото место кадешто сте побарале

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН