Имате идеја, но немате доволно средства? Ви треба канцеларија, помош при добивање финансиски средства, воопшто, ви треба помош и поддршка да започнете сопствен бизнис? Ние ќе ви помогнеме. Одвојте 2 минути од вашето време и дознајте како најлесно и најефтино да дојдете до целосно опремени канцеларии, со компјутери и интернет. И да...канцелариите се климатизирани.

 
ПСМ Фондација


ПСМ Фондација (претприемнички сервис за млади) има за цел да го стимулира претприемничкиот дух меѓу младите во Македонија со давање на можности за користење на модерно и добро опремени канцеларии по пристапни цени. Исто така, овозможуваат консултантски услуги за сите аспекти на водење на бизнисот- од негово основање до прераснување во успешна компанија. ПСМ ќе ви помогне во периодот кога Вашиот бизнис е најранлив и ќе ве подготви за реални пазарни услови, односно раст на Вашата компанија по излегување од инкубаторот.

Во делот за обуки може да ги најдете сите обуки организирани од страна на ПСМ Фондација, кои ќе ви помогнат да научите како да го продадете вашиот производ, како да ги придобиете потрошувачите, како да преговарате, како да го унапредите вашиот бизнис и многу други типови на обуки.

За повеќе информации, посетете го сајтот на ПСМ www.yesincubator.org.mk

 
СПМГ друштво за управувување со private equity фондови

 

 СПМГ е друштво за управувување со private equity фондови и водечка македонска компанија која обезбедува високо професионални менаџмент-консултантски и финансиски услуги. Тимот на СПМГ изведува мали и големи инвестиции како во микро, мали и средни претпријатија, така и во големи компании, вклучувајќи и “start up” компании и компании кои се во рана фаза од својот развој во веќе постоечките индустрии, во широк опсег на сектори, и пријателски трансакции поддржани од сопствениците и менаџментот на фирмите во кои што се инвестира.




 

 
Центар за развој на бизнис на Универзитетот - Југоисточна Европа

Центарот за развој на бизниси ја поврзува бизнис заедницата со Универзитетот на Југоисточна Европа. Центарот овозможува менаџмент тренинзи и бизнис консултации на индивидуи и организации од областа на ИКТ-информациско комуникациски
технологии.



http://bdc.uejl.info/

 
<< Почеток < Претходно 1 2 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Ако Вашиот менаџер подолго време нема ништо лошо кажано за вас, наскоро ке ви треба негова препорака.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН