|
Еве што значи рецесијата за малите бизниси и што можете да преземете за што е можно подобро да се заштитите од евентуални економски последици по вашиот бизнисот.
Продажбите и профитот може да опаднат
Вообичаено, прва жртва за време на рецесија се продажбите. Откако ќе опаднат продажбите, обично набрзо потоа опаѓа и профитот.
Доколку во минатото вашите продажби биле одлични и можете да си дозволите мал пад во продажбите, тогаш не грижете се; но доколку навистина треба да ги зголемите продажбите, дури и по цена на тоа да имате евентуални дополнителни трошоци, тогаш постојат два начини како да го постигнете тоа.
Едниот начин е да се обидете со намалување на профитот да добиете повисоки вредности на продажбата. Другиот начин би бил да потрошите повеќе на маркетинг и рекламирање, а притоа да ги задржите маргините на профитот непроменети.
Ова исто така ќе ги намали вредностите на вашиот профит бидејќи ќе ви се зголемат трошоците за маркетинг. Сепак, ваквиот чекор не само што ќе го зголеми вашето присуство на пазарот туку, кога економијата ќе излезе од рецесија, вие може да станете првиот кој ќе ги жнее плодовите.
Вашите трошоци може да се зголемат
Рецесија која е придружена со висока стапка на инфлација ќе значи дека вашите месечни трошоци може да пораснат, дури и ако се соочите со застрашувачката задача да го одржувате вашиот профит. Ова може да ги „изеде“ вашите заштеди и како што ќе одминуваат деновите, да ви создаде финансиски проблеми.
Можете да ги намалите трошоците преку нивно редуцирање или пак разделување. Непотребните трошоци треба целосно да ги избегнувате, а само трошоците кои се поврзани со вашиот бизнис треба да бидат решавани и тоа според приоритетот.
Вашите залихи може да ве повлечат надолу
Одржување големи залихи и во нормални услови е тешко, но за време на рецесија може да влијаат како товар кој ве влече надолу. За да се зголеми вашиот профит, треба да научите побргу да ги ротирате вашите залихи.
Користете најнова технологија за да водите евиденција на вашите залихи. Овие технологии не се многу скапи, а обично се многу лесни за совладување и користење. Доколку е потребно, понудете ги преку ударни продажби сите ваши производи кои споро ротираат. Запознајте се со методата „токму на време“ за да се придржувате на вашиот распоред на залихи и испораки.
Вашите вработени може да се обесхрабрат
Борејќи се да ги платат растечките трошоци со ограничените примања во услови на рецесија, кризата може да влијае и на моралот на вашиот персонал.
Обидете се да ги наградите вашите најзаслужни вработени или да им помогнете со тоа што ќе им обезбедите поволни заеми со кои ќе ја пребродат кризата. Сепак, ќе треба да се ослободите и од бескорисните вработени и да ги отпуштите оние вработени кои не работат како што треба.
Ова ќе резултира во помал, но и поефикасен персонал за вашиот бизнис. Луѓето може да полемизираат до недоглед дали во моментов се случува рецесија или не, но како и да го наречеме овој пад на економијата, тој сепак ќе се одрази на вашиот бизнис. Горе споменатите методи може да ви помогнат да издржите во овие кризни времиња.
|