| МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА ЈА ПОСЕТИ ПСМ ФОНДАЦИЈАТА |
|
Министерот за Економија Фатмир Бесими заедно со градоначалникот на општина Гази Баба денеска ја посетија Фондацијата Претприемачки сервис за млади – ПСМ. На средбата, Ана Амбаркова од ПСМ фондацијата на министерот Бесими и градоначалникот Трајковски, им го презентираше бизнис инкубаторот, неговите активности за развој и промоција на претприемништвото во Македонија, како и дел од компаниите кои работат во бизнис инкубаторот.
Министерот Бесими изјави: “Фондацијата ПСМ е проект кој го заслужува вниманието на Владата и Министерството за економија со солидната работа која ја завршува. Оваа спроведлива идеја претставува вистинска можност за младите кои сакаат да навлезат во претприемачките води и да внесат креативност во македонскиот бизнис свет. Овој мал, а сепак голем придонес кон Економијата во Република Македонија ќе биде поддржан од Министерството, а со ова и охрабрен да продолжи со добрата работа.”
Ана Амбаркова, проект координатор во ПСМ фондацијата, изјави: “Ме радува што министерот Бесими и градоначалникот Трајковски не посетија и изразија интерес за нашата работа која ја работиме. Ни ветија активна поддршка во нашата работа и дека ова е само почеток на успешната соработка која ќе ја имаме.“
ПСМ фондацијата има цел да го зајакне иновативниот систем во Македонија со стимулирање на претприемаштвото и преточување на бизнис идеите на младите во реалност. Ова подразбира креирање нови фирми и поддршка на свежи бизнис идеи, како и поставување мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
Just do it!