Поддршка на претпријатијата: бизнис пакети од Прокредит банка

ПроКредит Банка понуди посебни бизнис пакети наменети за претпријатијата.  Банката очекува значителен пораст на кредитирањето оваа година.

Бизнис пакетот, меѓу другите стандардни услуги,  содржи голем број на поволности како: годишна каматна стапка од 7,5 % на дозволено пречекорување на сметка, кредитирање со намалени каматни стапки, рефинансирање на кредити без провизија при исплата, електронско банкарство без месечен надомест и посебни поволности за вработените во претпријатието.

Пакетите се наменети за претпријатијата кои имаат приходи поголеми од 6 милиони денари, но и за оние до таа сума. ПроКредит Банка исто така подготви посебен пакет на услуги со намалени каматни стапки и голем број на поволности.  

“Очекуваме апсолутен пораст на кредитирањето во 2010 година и поголема одлучност од страна на претпријатијата да инвестираат во својот развој. Токму затоа подготвивме посебни бизнис пакети адаптирани на потребите на претпријатијата, со кои веруваме дека ќе ги поддржиме нивните активности и  ќе помогнеме во нивниот раст” истакна Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.  

Напишано од Ф.М.


 

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН