Донација на ПСМ фондација ДОНИРАН УЧИЛИШЕН МАТЕРИЈАЛ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАРОТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА

Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ) и фирмите-станари на бизнис инкубаторот, донираа училишен материјал во дневниот центар за згрижување деца, во Автокоманда.
Донацијата се состои од тетратки, моливи, пенкала, водени боици, боенки, сликовници, пластелин и останат училишен прибор. Дневниот центар е институција која се грижи за згрижување на малолетни деца од улица, претежно од ромската популација, и на овие деца им овозможува топол оброк, облека и едукација.Извршниот директор на ПСМ Фондација, Љупчо Деспотовски, по повод врачувањето на донацијата изјави: Ја увидовме потребата од помош и во договор со директорот на дневниот центар придонесовме за подобро згрижување на овие деца и нивна понатамошна едукација.

Донацијата е одлика на општествената одговорност на ПСМ Фондација.ПСМ Фондација е формирана од СИНТЕФ и Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ). Главна цел е зајакнување на локалниот иновативен систем во Македонија, преку стимулирање на претприемништвото меѓу младите.Преку своите активности, ПСМ ги зацврснува линковите помеѓу младите луѓе во земјава, со цел да го забрза напредокот на малите и средните претпријатија, и да биде мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН