Менаџери: Економската состојба во јануари понеповолна

Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во јануари како понеповолна во споредба со претходниот месец, а малку понеповолна е и оценката за обезбеденоста на производство со порачки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

 

Обемот на производство на деловните субјекти во јануари бележи раст во споредба со претходните три месеци, а очекувањата за него во наредните три месеци се оптимистички. Неповолни се очекувањата за бројот на вработените.

Залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под нормалата. Намалени се залихите на готови производи во споредба со претходниот месец.

Според оценката на раководителите, во наредниот период просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, а продажните цени на готовите производи ќе се намалат.

Просечното искористување на капацитетите на претпријатијата во јануари во однос на претходниот месец е намалено и изнесува 51,4 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари имаат недоволната странска побарувачка со 26,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 19,4 отсто, финансиските проблеми со 11,6 проценти и неизвесното економско опкружување со 10,5 отсто.

Напишано од Ф.М.

 

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН