| Регионално поврзување на претприемачите |
Обиди за развој и промовирање на претприемништвото во земјата, но и можностите за соработка. Со хрватска делегација, Македонија разменува искуства во оваа област. На состанокот на Управниот комитет на Регионалниот центар за претприемничко учење се дискутира за можностите на регионално ниво да се организираат постдипломски обуки за претприемништво, но и за активности во оваа област во регионот.
- Македонија ги покажува своите интенции и напори за развој и промовирање на претприемништвото. Претприемништвото претставува важен сегмент на секоја држава и ние се стремиме што е можно повеќе да го промовираме и развиваме овој сегмент преку различни мерки и активности вметнати во нашите програми, вели Фатмир Бесими, министер за економија.
Министерот и Државниот секретар за економија и претприемништво на Хрватска Тајана Кесиќ се согласија оти мора да се поттикне регионалната соработка меѓу претприемачите.
Напишано од А.М.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
Just do it!