Трговците на мало пооптимистични за првиот квартал
Според анкетата на Државниот завод за статистика, менаџерите во трговијата на мало оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти во четвртиот квартал од 2009 година, е понеповолна во однос на истиот квартал од 2008 година, како и во однос на третиот квартал од 2009 година. 
 
Тие оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртиот квартал е поповолна во однос на претходниот квартал. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се пооптимистички. Менаџерите истакнале дека количината на залихите, во текот на четвртиот квартал од 2009 година, е зголемена во однос на третиот квартал од 2009 година.
 
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се малку понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се пооптимистички во однос на претходниот квартал.
Менаџерите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртиот квартал од 2009 година забележале зголемување во однос на третиот квартал од 2009 година. Оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е понеповолна во четвртиот квартал од 2009, во споредба со третиот квартал од истата година.
 
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртиот квартал од 2009 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 39.5%, зголемената конкуренција со 13.8%, зголемената понуда на пазарот со 10.4%.
 
Напишано од Ф.М.

 

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН