Македонски ИКТ компании на Светскиот саем за информатички технологии ЦеБИТ
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ организира учество на македонски ИКТ компании на Светскиот саем за информатички технологии – ЦеБИТ, што ќе се одржи од 2-ри до 6 март во Хановер.
Македонскиот национален штанд ќе го сочинуваат компаниите Arthaus, Axeltra, Bransys, Ein – Sof , Infinite Solutions, Neocom, Pexim и Seavus.  Целта на учеството на ЦеБИТ е промоција на македонските фирми во западна Европа и зголемување на извозот, етаблирање на Македонија како ИТ бренд и привлекување на странски инвестиции.
-  ЦеБИТ е уникатна можност за промовирање на Македонија како земја на информатичари индивидуалци и компании кои имаат несомнени компаративни предности пред останатите конкуренти и претставуваат доверлив партнер и за најсложени и обемни проекти од областа на ИКТ во јавните установи или на корпорациско ниво, соопшти МАСИТ.
На минатогодишниот Светски саем за информатички технологии во Хановер се претставија 4.300 изложувачи од 69 земји пред околу 400.000 посетители.
Напишано од Ф.М.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН