Даноци да се плаќаат одвоено од плата и придонеси
Во два дена да се плаќаат придонесите, платата и данокот. Владата ќе го прифати предлогот на стопанствениците и ќе ги раздвои термините за уплата. До 15-ти во месецот работодавците ќе мора да ги уплатат платите и придонесите, а десет дена покасно данокот.
Ова е една од антикризните мерки кои Владата ги подготвува во новиот пакет за помош на стопанството од кризата. Информацијата ја потврди и министерот за финансии Зоран Ставревски.Стопанствениците тврдат оти станува збор за добра антикризна мерка оти пролонгирањето за десет дена ќе им значи многу за бизнисот.  
Напишано од А.М.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Банер

Банер


Банер
Банер

Банер

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

Е-БИЛТЕН