| Претприемачи од Македонија може да учествуваат на конкурс на ЕК |
|
|
|
| Напишано од Rade |
| Среда, 20 Јануари 2010 |
Македонските претприемачи имаат можност да се натпреваруваат за некоја од вредните награди на конкурс распишан од страна на Европската комисија за претприемачи и индустрија.
Учесниците може да се регистрираат до 9 април на ec.europa.eu./eeva2010, а наградите ќе се делат во следните категории: „Претприемништвото – поинаков начин на живеење“, „Претприемништвото – предизвици и признанија“ и „Претприемништвото – патот во иднината“‘. Во секоја категорија се избира прво, второ и трето место, со следниве награди: прво место 3.333 илјади евра, второ 2.222 илјади евра, и за трето место 1.111 илјади евра. Како дополнување, петте најдобри натпреварувачи на возраст од 25 години или помлади кои што не се квалификувале во некоја од деветте погоре спомнати награди, ќе бидат наградени со 555 евра секој. Натпреварот е отворен за сите физички и правни лица којшто се државјани или резиденти на земја членка на Унијата, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Турција и Израел. Наградата е дел од Европската недела на малите и средни претпријатија, иницијатива насочена кон промоција на претприемништвото низ Европа и информирање на претприемачите во малите и средни претпријатија за поддршката која ја обезбедува за нив на Европско, национално, регионално и локално ниво.
Напишано од Ф.М.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
Ако нешто посакувате со цело срце, мали се шансите да го добиете. |
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
| не КЛИКАЈ тука |
| Креативност и иновација |
| Обуки |
Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа. |
Just do it!