Македонска компанија најдобар дистрибутер на IBM софтвер PDF Печати Е-пошта
Напишано од Rade   
Среда, 20 Јануари 2010
Македонската компанија ИНет е прогласена за победник на меѓународниот натпревар на Дистрибутери со додадена вредност (VAD) за IBM софтвер во 2009, за земјите од Европа, Средниот Исток и Африка.
 
- Нашата победа меѓу 28 VAD дистрибутери во групата 1 ги истакнува извонредните перформанси и супериорното постигнување на нашиот тим во 2009-та, вели Тони Петрески, директор на компанијата.
 
Компанијата со ова постигнување се најде во друштво со компании од Австрија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Чешка и Турција, кои се победници во останатите групи на натпреварот.
 
ИНет е компанија од областа на информатичката и комуникациската технологија основана со приватен капитал во 1991-та. Главни активности се дистрибуција и имплементација на компјутерска, мрежна и комуникациска опрема, покривајќи ги сите области од ИКТ.
 
Од формирањето до денес компанијата има склучено стратешки договори за авторизиран дистрибутер, продажно, сервисно или тренинг партнерство со некои од најголемите ИКТ компании во светот како ИБМ, Леново, Зерокс, САП и други.
 
Инаку, како дел од наградата, двајца вработени од тимот на компанијата ќе заминат на патување во Шкотска и престој во хотел со пет ѕвезди.
 
Напишано од Ф.М.


 

LAST_UPDATED2
 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Машините кои се расипале за време на работа, ќе работат беспрекорно кога ќе дојде мајсторот.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН