Шанса да добиете пари за вашата бизнис идеја PDF Печати Е-пошта
Напишано од Rade   
Среда, 13 Јануари 2010

Најдобрите 10 идни претприемачи ќе добијат пари за реализација на своите бизнис идеи во рамки на кампањата „Биди иновативен“.
Акцијата се спроведува во организација на  Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, во соработка со Сивус групацијата и Австриската развојна агенција за соработка во Македонија која го обезбеди наградниот фонд од 21.000 евра за најиновативните идеи.
Сите млади и креативни лица на возраст до 35 години  кои имаат иновативни идеи и сакаат да започнат свој бизнис до 15-ти идниот месец можат да аплицираат со својата идеjа на порталот на Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење www.ncdiel.mk за да учествуваат во кампањата. 
- Процесот е отворен за сите млади луѓе што сакаат да се осамостојат и имаат идеја за започнување сопствен бизнис и имаат потреба од мало поттикнување и охрабрување, дообука, советување, а понекогаш и мала финанасиска стимулација, рече раководителот на проектот Игор Николоски на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека целта им е да се стимулира процесот на самовработување и додаде дека кампањата ќе продолжи и во наредните години.
Кампањата предвидува независна комисија да избере 80 или 90 најперспективни  бизнис идеи од очекуваните најмалку 500 апликанти за кои од 26 февруари ќе се спроведе интензивна 13-дневна обука. Истовремено тие ќе треба да почнат да го подготвуваат и нивниот бизнис план, чија финална верзија до 22 април треба да биде испратена до Центарот. Потоа следат три циклуси на селекција во кој првостепената комисијата треба да ги избере најдобрите 20 бизнис планови, кои на 5 и 6 мај ќе бидат презентирани пред второстепената комисија.
На 7 мај третостепената комисија ќе ги разгледа информатичко-технолошките ориентирани планови и ќе одреди кој од нив ќе влезе во Бизнис инкубаторот на Сивус. Нив Сивус ќе им ги стави на располагање просториите, човечките ресурси, искуствата и знаењата од областа на информациските технологии за успешно реализирање на идеите.  
Десетте најдобри ќе бидат презентирани на 10 мај во рамките на Европската недела на претприемништвото. Тие ќе добијат обука за започнување на бизнис, поддршка и советување од професионалци и менторирање во првите шест до 12 месеци од почетокот на бизнисот од успешни бизнисмени.
 
Напишано од Ф.М.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Најдобро време да побарате покачување е кога се тргнало наопаку и вашиот шеф е во паника.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН