| ИЗВЕШТАЈ |
|
ПСМ Фондација го издаде финалниот извештај за проектот „Подготвеност за инвестиции на МСП секторот во Југоисточна Европа“, кој беше спроведуван во соработка со холандската Фондација СПАРК. Извештајот ќе биде дистрибуиран во сите 7 земји- учеснички во истражувањето: Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Косово, БиХ, Црна Гора. Дознајте ги и вие резултатите од истражувањето тука |
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
Just do it!