| Обуки на тема Презентациски Вештини, во соработка со Горан Петрески – заменик главен и одговорен уредник во А1Телевизија |
|
|
|
| Напишано од Rade |
| Понеделник, 11 Јануари 2010 |
Целта на овие обуки е учесниците да се запознаат со основните елементи на изработка на презентација и најдобрите начини на презентирање. Ќе дознаат како да го победат својот најголем страв од комуникација пред многубројна публика и на тој начин да го унапредат својот личен имиџ и имиџот на својата компанија.
Поканети се сите млади постоечки и потенцијални претприемачи, бизнисмени и менаџери. Сите, кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски вештини, а со тоа и да ја претстават својата компанија во подобро светло, кои имаат задача да ја презентираат својата работа пред одредени јавности, каде потребна е комуникација пред голема публика. Овие обуки се особено пожелни за оние кои сакаат да се занимаваат со односи со јавност и луѓе кои работат во секторот за маркетинг и продажба во рамките на своите компании.
Обуките ќе се одржат во просториите на ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk ), агенда подолу во текстот. Цената на овие обуки изнесува 1850 денари. Заинтересираните може да се пријавуваат на следната е-меил адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, најдоцна до четврток, 14.01.2010 година.
Агенда:
1 ден (16.01.2010) од 11-15 часот:
· Презентациски вештини
oЕлементи на комуникација
oВидови на говори
oГовор
oTips & Tricks
· Настап пред медиумите
oОдлука
oПодготовка
oИзглед
oПорака
o15 Златни Правила
oTips & Tricks
2 ден (17.01.2010) од 11-15 часот:
· Снимање на интервју со сите учесници (секој учесник х 10 мин)
oИнтервјуто ќе го води Горан Петрески – заменик главен и одговорен уредник во А1 телевизија
· Евалуација на интервјуата
|
| LAST_UPDATED2 |
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
Ако нешто посакувате со цело срце, мали се шансите да го добиете. |
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
| не КЛИКАЈ тука |
| Креативност и иновација |
| Обуки |
Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа. |
Just do it!