Ќе добиеме вирутелни мобилни оператори PDF Печати Е-пошта
Напишано од Rade   
Понеделник, 11 Јануари 2010
Ќе има нови мобилни оператори во Македонија. Нема да инвестираат во сопствена инфраструктурна мрежа, но ќе ја зголемуваат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар.
Влезот на виртуелни мобилни оператори ќе биде можен уште годинава, открива министерот за транспорт. Во тек е изготвувањето на правната рамка со која ќе се овозможи нивното функционирање.
- Тоа значи дека овие компании ќе ја користат постоечката инфраструктура на останатите мобилни оператори без потреба да градат свои. Кога велиме четврт мобилен оператор обично мислиме на изградба на сопствени базни станици, но овде зборуваме за виртуелни оператори за кои ја подготвуваме регулативата, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Сепак, дали овој бизнис ќе биде интересен за компаниите зависи и од цените за интерконекција на Телеком кои според останатите учесници на пазарот и покрај намалувањата остануваат значително високи.
- Очекуваме дека Агенцијата за електронски комуникации ќе си ја заврши работата во тој дел, вели Јанакиески.
Постоечките три мобилни оператори сметаат дека македонскиот пазар е претесен за влез на четврт играч.
Владата пак очекува виртуелните оператори да придонесат за натамошно поевтинување и подобрување на квалитетот на телекомуникациските услуги.
 
Напишано од Ф. М.


 

LAST_UPDATED2
 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Ништо не е едноставно како што изгледа.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН