Ќе дојдат ли компаниите до ефтини кредити

  напишано од А.М.

ЌЕ ДОЈДАТ ЛИ КОМПАНИИТЕ ДО ЕВТИНИ КРЕДИТИ

СТОПАНСТВОТО ГЛАДНО ЗА ПАРИ

 

Во услови на криза стопанството упорно во барањата да стигне до евтини кредити. Во време кога статистиката на Народната банка потврдува оти комерцијалните банки речиси и да не кредитираат фирми, бизнис групациите ги актуелизираат ставовите дека итно треба да забрза постапката, да стасаат до евтините кредити од кредитната линија од Европската инвестициска банка. Од Сојузот на стопански комори велат дека мора да се поедностават процедурите за апликација и одобрување на кредитите. Според последните калкулации на комерцијалните банки, за одобрување на овие кредити најверојатно ќе бидат потребни дури четири месеци. Ова за стопанствениците е предолг период оти тогаш финансиската помош ќе биде задоцнета. Имаат забелешки и за каматната стапка. Согласно утврдените критериуми фиксна е само во првата година.

-          Откако се потпиша договорот рекоа дека каматата е флексибилна по првата година и ќе зависи од еуриборот. Ова навистина ги погодува фирмите кои имаат потреба од евтини кредити. Стопанството е гладно за парите, вели Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Според правилата, барањата за кредити од оваа линија фирмите прво треба да ги достават до банките, потоа досието го превзема Македонската банка за поддршка и Европската инвестициска банка. Од државната банка за развој велат дека кај нив не треба да се лоцира одговорноста за евентуално долгиот процес за одобрување. Тврдат дека откако банката ќе ги одобри парите, кај нив процедурата трае кратко.

Кредитната линија од Европската инвестициска банка ја зема Владата. Беше предвидено со овие пари да с екредитираат фирми по пониски камати од условите кои ги нудат банките. Министерот за финансии Зоран Ставревски вели дека овој проект сепак ќе има позитивни ефекти. Според Ставревски, тоа што каматата е променлива по една година не значи дека ќе биде драстично поголема.

-          Кризата нема да помине во следните четири месеци што значи дека реализацијата нема да биде задоцнета. Не веруваме дека во брзо време еуриборот ќе порасне значително, така што каматите ќе останат релативно ниски – вели министерот.

Процедурата за аплицирање за кредити од оваа линија е во тек.

 

КАКО ДО КРЕДИТ ОД ЛИНИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦСКА БАНКА

Фирми кои во последната година имаат зголемен обем на работа од 5 отсто или го зголемиле извозот за толку проценти имаат предност за кредитната линија од Европската инвестициона банка. Приоритет ќе имаат и компаниите кои вложуваат во модернизација, заштеда на енергија и заштита на околината. Меѓу оние чии проекти најверојатно побрзо ќе бидат финансирани се и фирмите кои го зголемиле бројот на вработени, но имаат и добра пазарна ликвидност. Кредити од оваа кредитна линија нема да добијат фирми кои се занимаваат со производство на оружје, тутун, игри на среќа, но и автосалоните бензинските пумпи и продавниците. Меѓу утврдените критериуми е и условот фирмата да не отпушта вработени додека го користи кредитот. Каматата е 6 проценти, само во првата година, рокот на отплата варира во однос на тоа за каква цел се бара кредитот од 2 години до пет години а вклучен е и грејс период од шест до 12 месеци. Ќе се одобруваат кредити за финансирање и за трајни обртни средства.

Европската инвестициона банка на Македонија и додели 100 милиони евра, кредит  што државата го дава како поединечки кредити на компании што ќе одлучат да аплицираат. Заемите се даваат преку Македонската банка за поддршка на развојот не се одобруваат по комерцијални услови и преку неколку домашни банки.

 

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Ако дојдете подоцна на работа, најверојатно Вашиот шеф е веќе пристигна

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН