Дизајнот на производот клучен во трката со конкурентите
Во услови на вистинска конкуренција на пазарот, дизајнот на производот е клучен за потрошувачите. Дизајнерите се согласуваат дека сега како никогаш порано конзуметите обрнуваат внимание на надворешноста, покрај цената и квалитетот. Се бара производот да биде едноставен и оригинален, но секако да биде и функционален. Според познавачите клучна е и бојата, а изгледот мора да биде и модерен, да носи обележје на новото време.
- Дизајнот е брендот. Тоа го продава производот, го одвојува од сличните, токму изгледот прв комуницира со купувачите. Не треба да се претера со боите, но тие се исклучително важни. Она што се бара не се неочекувани потези во дизајнирањето, но често поминуваат и тие. Компаниите мора да бидат свесни дека она што сега е модерно брзо може и да не биде - велат од дизјан студио.
Според последните анализи и во Македонија значително се подобрува дизјанот на производите. Сепак практиката покажува дека низа, особено прехранбени производи, увезени од надвор се значително поатрактивни во однос на домашните. Ова се објаснува со искуството во повеќе компании кои првенствено инвестираа во производство и квалитет, а подоцна одлучија да го промовираат изгледот. Експертите велат дека ситуацијата се подобрува особено во време кога порасна конкуренцијата однадвор. Порачуваат домашните компании да инвестираат во нови решенија за изгледот. Тоа најмногу за фирмите кои почнуваат со бизнис.
Нивните анализи покажуваат дека компанија што се промовира на пазарот уште пред стартот со работа мора да има идеја за изгледот на она што планира да го продава. се препорачува и да се основа броен тим дизајнери или за тоа да се ангажира посебна компанија.

напишано од А.М.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Ако дојдете подоцна на работа, најверојатно Вашиот шеф е веќе пристигна

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН