Top Class програма за млади претприемачи и менаџери
Младите претприемачи кои водат успешни компании трета година по ред имаат можност да се стекнат со обука од Топ Клас програмата на Центарот за развој на претприемачи и менаџери.
Станува збор за едногодишна програма во која претприемачите треба да стекнат напредни вештини, но и контакти кои на нивните компании ќе им овозможат пробив на регионалниот и меѓународниот пазар.
- Програмата е дизајнирана да трае една година, а се посетува еднаш месечно по шест часа. Половина од средствата плаќаат учесниците, а другата половина ја покрива УСАИД. Досега, со дел од првата и втората генерација кои ја поминаа програмата направивме заедничка канцеларија за македонски фирми на Косово, изјави на денешната промоција Јован Маџовски, директор на Центарот за Македонија, Косово и Албанија.
Годишно програмата ја посетуваат од 25 до 30 учесници до 40-годишна возраст, а оваа година заинтересираните може да се пријават до почетокот на ноември.
На промоцијата беа доделени сертификати за успешно завршена едукација на досегашните учесници на Top Class програмата.
Покрај основната програма, промовирани беа и Top Class plus и Top Class advanced програмите.
 
напишано од Ф.М.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Кога сте надвор од канцеларија, на најважниот повик ќе одговори колегата што најмалку или воопшто не  е заинтересиран.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН