| Што треба да знаете за кредитите за самовработување? |
|
Проектот дефинитивно продолжува и следната година, а можно е нов повик да има и пред крајот на 2009-та. За сите детали и услови на кредитите разговаравме со Вељка Јуриќ, советник за активни мерки за вработување во Агенцијата за вработување.
Кој може да аплицира за кредит и за колкав износ?
Корисници на кредитни средства преку Проектот за самовработување со кредитирање можат да бидат физички лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработени лица. За спроведување на овој проект, обезбедени се финансиски средства кои преку Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, се трансферираат до деловните банки, заради сервисирање на одобрените кредитни средства. За секое ново работно место предвидени се средства во износ од 3000 евра во денарска противвредност, во опрема, средства, репроматеријали и/или пари. Можат да бидат одобрени кредитни средства во износ од најмногу 15000 евра за проекти со најмногу 5 нови работни места. Предвидени се и дополнителни стимулативни средства односно зголемување на основниот кредит за дополнителни 1000 евра за лица кои се невработени лица по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација и се евидентирани како невработени лица повеќе од 3 години.
Кои се условите на кредитот?
Кредитите се доделуваат преку деловните банки под многу поволни услови: грејс период од 1 година и каматна стапка од 1% на годишно ниво, а рокот на враќање на средствата е 3 години. Кредитирањето е условено со 25% сопствено учество од бараните кредитни средства во вид на опрема, предмети и/или пари.
Гаранција за поврат на средствата се обезбедува со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит или емство со најмалку 1 кредитоспособен жирант или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.
Како напредуваат претприемачите што добија кредит?
За периодот 2008 и 2009 година кредит подигнаа 2488 кредитобаратели за вработување на 2968 лица. Од Управниот одбор на проектот одобрени се барања за кредитни средства во висина од 11.740.000,00 евра а преку деловните банки пласирани се кредитни средства во висина од над 9 милиони евра.
Агенцијата за вработување на Република Македонија со помош на Комисијата за надзор и контрола и комисиите при центрите за вработување редовно врши контрола врз наменската употреба на одобрените кредити. Според нашите досегашни согледувања интересот е многу голем. Невработените лица кои аплицирале и на кои им беа одобрени кредитни средстава успешно отпочнале нови бизниси, што е согледано низ посетите на терен на овие нови работодавачи.
Какви бизниси се отворија со овие кредити?
Голем број бизниси се отпочнати во земјоделството, занаетчиството, трговијата и др. Како примери можеме да ги наведеме: фарма на зајаци, стоматолошка ординација, музичко студио, сервисирање на компјутерска опрема, изработка на везени производи, изработка на носии, автомеханичари, фризери, трговија со разни производи (пр. текстил, чевли, украсни предмети), цвеќари, разни угостителски објекти и друго. Голем дел од отпочнатите бизниси се однесуваат на производство што е добар предуслов овие бизниси да создадат услови за вработување на нови невработени лица. Како пример, би ги навеле отпочнатите бизниси за производство на текстилни производи, производство на бетонски блокови, столбови и елементи, производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска дограма, производство на хартиена амбалажа, производи од дрво и други.
Може да аплицирате за кредит доколку сте:
- Невработено лице евидентирано во Агенцијата за вработување на
Република Македонија најмалку 1 година.
- Невработено лице евидентирано во Агенцијата за вработување на
Република Македонија, најмалку 6 месеци и тоа:
1. Млади лица до 27 годишна возраст;
2. Невработено лице кое е корисник на паричен надоместок по основ на невработеност и во моментот на поднесување на барањето за кредит да има користено паричен надоместок најмалку 6 месеци;
3. Лица на возраст над 55 години.
Што ви треба за да аплицирате:
1. Барање за доделување кредит со Проект за самовработување со кредитирање;
2. Мини бизнис план;
Во овие документи потребно е се наведат основните податоци за кредитобарателот, неговиот статус како невработено лице, износот на кредит за кој аплицира, податоци за проектот за кој се бара кредит (дејноста и видот на бизнисот), видот на обезбедување на кредитот и податоци за лицата кои кредитобарателот ќе ги вработи и во чие име поднесува барање за кредит.
Структура на досегашното кредитирање:
- 41,79% од дејноста земјоделство, шумарство и лов
- 19,29% од дејноста трговија
- 13,71% се други комунални, културни и општи и услужни дејности
- 10,66% се преработувачка индустрија
- 4,40% хотели и ресторани
- 3,68% сообраќај, складирање и врски
- 3,34% градежништво и
- 3,13% се останати дејности.
напишано од Ф.М.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
Колку е покомплицирана работата, толку помалку време и помалку информации ќе ви бидат дадени. |
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
| не КЛИКАЈ тука |
| Креативност и иновација |
| Обуки |
Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа. |
Just do it!