| ОРМ: И фирмите да купуваат земјиште по едно евро! |
|
Организацијата на работодавачи на Република Македонија бара од Владата можност за откуп на земјиштето од страна на правните лица за едно евро како што е случајот и за физичките лица.
Предлогот, како што соопшти Организацијата, го доставила до Владата, а заклучокот го донесе на седница на Управниот одбор одржана на 29-ти минатиот месец, на која се расправало за мерките на Владата за надминување на кризата во стопанството.
Покрај оваа иницијатива, Организацијата достави допис до Катастарот за забрзување на постапката за трансформација на земјиштето, а кое било како барање доставено од Организацијата во јули годинава.
- Премногу долго трае постапката во Катастарот за трансформацијата на сопственоста на земјиштето (за земјиште над 1.000 метри квадратни). На пример, Катастарот во Битола ја завршил постапката за трансформацијата на сопственоста на земјиштето во февруари оваа година и предметите ги пратил во Скопје. До денес нема решение. За жал, ваквото доцнење повлекува неможност на компаниите да добијат имотен лист, а со тоа да добијат кредит со поволна каматна стапка наменет за извоз, бидејки не можат пред нотар да заверат хипотека, а без хипотека нема кредит, наведуваат од Организацијата.
Во однос на антикризните владини мерки за надминување на последиците од кризата, забележуваат од Организацијата дека предолго трае најавеното кредитирање од Европската инвестициска банка. Во однос на тендерските постапки бараат таксата по жалбата независно од вредноста да биде само со административна, предлагаат измена на Законот за даночна постапка, а потсетуваат и на ветената можност при увоз на опрема да се користи одлагање на плаќањето на ДДВ или негово предвремено компензирање со што ќе им се олесни на компаниите да не плаќаат надомест за користење парични средства од шпедитерот или банката ако зеле краткорочен кредит за плаќање на ДДВ.
напишано од Ф.М.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
При интервју за работа треба убаво да се изразувате, да бидете фино облечени, самоуверени и учтиви. Дури и вака, нема да ја добиете работата |
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
| не КЛИКАЈ тука |
| Креативност и иновација |
| Обуки |
Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа. |
Just do it!