Учи да делегираш

Менаџерите често ги користат следниве изговори

1. “Побрзо ќе е ако го направам ова сам”;
2. “Се плашам дека ќе заборавам да им кажам нешто важно”;
3. “Никој ова не го прави подобро од мене”;
4. “Не знам што да делегирам”;
5. “Не можам да си дозволам да вработам некого”;
6. “Премногу сум критичен/на на работата извршена од други луѓе”;
7. “Ако не контролирам се сам/а, се ќе почне да се распаѓа”;

 

Со цел да се прошири бизнисот, треба да се прошири тимот. Меѓутоа, кај сопствениците на мали и микро бизниси, како да постои нешто, што се бори против потребата да побараат помош и кога им е најмногу потребна. Скоро, како да постои некое правило за успех, ако се во можност да направат се сами. Реалноста е сосема спортивна. Не може една личност да прави се и притоа да се фокусира на силните страни на бизнисот. Доколку својот труд го вложува во многу насоки, т.е. работи се, неуспехот е неизбежен.

Делегирањето, подразбира предавање на авторитет, а за многу сопственици на мал бизнис тоа претставува страшен концепт, затоа што не се знае што ќе се случи кога ќе се откажете од контролата. Добрата вест е што делегирањето не мора да биде така страшна работа- всушност поседувате повеќе контрола отколку што мислите. Бидејќи, кога е дефинирано што мора да се направи и кој треба да биде резултатот, тешко е за способен асистент или вработен да биде неуспешен. Клучот на контролирање на делегирањето е, да се одреди кои се најосновните задачи, како треба да бидат извршени и како изгледа крајниот резултат, пред да ги доделите некому.

Следниве пет чекори, секој со специфични акции, би можеле да помогнат полесно да ги одредите што,како и крајниот резултат, како би можеле да делегирате ефективно:

1. Одредете што да предадете, а што да задржите.

Прво, разгледајте кои се силните страни на вашиот бизнис. Што вие директно допринесувате за вашиот бизнис да го правите успешен? Тоа би биле работите, кои треба да продолжите да ги правите. Задачите кои се надвор од вашата експертиза или оние кои лесно би било да се извршат од други луѓе, се првите кои треба да бидат делегирани, т.е. предадени.

План за акција- Направете листа од сите активноси, кои ги извршувате дневно, неделно или месечно. Потоа, поминете преку листата и одредете што е еснцијално да биде направено од вас, а што може да биде предадено на некој друг.

2. Креирајте план.

Земете предвид што треба да постигнете и како сакате да биде извршена задачата. Со цел делегирањето да биде ефективно, треба да бидете во можност да кажете некому, што точно ви треба и сакате да направи тој/таа. Така што, планирајте што треба да биде постигнато и точно како сакате да биде извршено.

План на акција- Креирајте ги вашите процеси. Одредете кој е финалниот резултат кој го посакувате и креирајте ги спрецизно и детално чекорите кои се потребни да се постигне тој резултат. Кога веќе вработувате некого да ви помага, дајте му ја таа листа од чекори, заедно со пропратни документи, форми и листи.

3. Вработете ја правата личност.

Клучот за наоѓање на вистинската личност за една работа е, потребата за првична одредба кои способности се потребни за извршување на задачите на тоа работно место. Што вистински е потребно некој да направи за вас? Дали е за административни работи? Дали за активности од областа на маркетиг и продажба? Дали е потребен аналитичар? Кога веќе знаете што е потребно, побарајте личност со способности како што претходно сте ги навеле. Не вработувајте ја правата личност на која сте наишле и е слободна.

План на акција- Разгледајте ги задачите кои треба да се извршуваат и одредете кои сет од способности е потребен. При интервјуто на кандидати, поставувајте прашања кои бараат подолг одговор, што вам ќе ви овозможи да увидите дали таа особа ја има експертизата која вие ја барате. Запомнете да прашате луѓе кои ги знаете и верувајте им на препораките на потенцијалните кандидати.

4. Доделете резултати и одговорности.

Еден од најважните чекори на успешна делегација е однапред да се испланира кој би требало да биде крајниот резултат. Замислете што би сакале да имате кога крајниот резултат ќе се покаже. Потоа правилно искажете ги тие очекувања. Запомнете дека сите очекувања треба да бидат разумни, јасни и лесно мерливи. На пример, побарајте од некого да исполни “минимум од 30 јавувања за продажба неделно”, отколку само да “изврши јавувања за продажба”.

Одговорноста не е така лош збор- треба да има последици доколку резултатот кој ви треба не е постигнат. Затоа што ако квотите, целите и резултатите кои ви требаат не се постигнати, ќе страдате вие и вашиот бизнис.

План на акцијa- Kреирајте прецизни цели, квоти или резултати кои треба да бидат постигнати од лицето на кое сте му делегирале работа. Ефективно искомуницирајте ги тие очекувања, и креирајте последици доколку резултатите кои ги очекувате не се остварени.

5. Проверувајте од време на време.

“Оставете и заборавете”. Некои луѓе, мислат дека ова правилo е применливо на задачите кои се делегирани. Наместо да ги оставате вработените сами, еднаш кога сте им доделиле некоја работа, воспоставете термини, кога ќе ги проверувате да видите како им оди. Можете да обезбедите регуларен состанок, на пример во четврток во 14.00 часот, кој би траел од 15 минути до 1 час, и би се разгледувале секојдневните активности, временската рамка на проекти, различните задолженија и би се одговарало на прашања.

Проверката на вработените, овозможува да останете во кругот, да решавате проблеми како што искрснуваат, да се обучуваат и развиваат луѓето кои, работат со вас. Додека, поставувањето прецизирано време овозможува слобода, да се фокусирате на други работи останатото време.

План на акција- Воспоставете распоред на проверка кој ви одговара и вам и на вашите вработени. И бидете сигурни дека ќе можете да се придржувате на него кога така ќе кажете.

 

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Вашиот клиент ќе се јави баш кога вие ќе бидете на пауза, а кога ќе пробате да го побарате повторно тој/таа нема да бидат во нивната канцеларија.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Претприемачки факти

Совети и Трикови
Корисни линкови
FAQ


Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...


 

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН