| Проект на УСАИД за комерцијално финансирање на МСП |
|
Комерцијалниот финансиски фонд за мали и средни претпријатија го финансира УСАИД а со него оперира Crimson Capital Corporation од САД. Crimson Capital преку фондот за мали и средни претпријатија директно им дава заеми на македонските фирми.
Целта на фондот е да се обезбедат трговски финансиски производи и услуги што во моментов не постојат на македонскиот финансиски пазар, да се зголеми трговијата, извозот и приходите на малите и средни претпријатија, да се отворат нови работни места, да се зголемат можностите за жените и малцинствата и да се создаде локален капацитет за позајмици во трговското работење.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
Just do it!