| Национална стратегија за развој на МСП |
|
Ревидирана национална стратегија за развој на малите и средни претпријатија (2002- 2013).Во 2002 година, Владата на Република Македонија усвои Национална стратегија за МСП (мали и средни претпријатија) за периодот од 2002 до 2012 година, како и Програма на мерки и активности за поддршка на претприемништвото и конкурентноста на малите бизниси во периодот од 2003 до 2006 година. Во март 2007 усвоена е новата Програма за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија (2007-2010), а Националната стратегија е проширена на хоризонтот на планирање до 2013 година.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
Just do it!