Менаџери: Економската состојба во јануари понеповолна

Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во јануари како понеповолна во споредба со претходниот месец, а малку понеповолна е и оценката за обезбеденоста на производство со порачки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Напишано од Ф.М.

Повеќе...
 
Регионално поврзување на претприемачите
Обиди за развој и промовирање на претприемништвото во земјата, но и можностите за соработка. Со хрватска делегација, Македонија разменува искуства во оваа област. На состанокот на Управниот комитет на Регионалниот центар за претприемничко учење се дискутира за можностите на регионално ниво да се организираат постдипломски обуки за претприемништво, но и за активности во оваа област во регионот.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Трговците на мало пооптимистични за првиот квартал

 

Според анкетата на Државниот завод за статистика, менаџерите во трговијата на мало оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти во четвртиот квартал од 2009 година, е понеповолна во однос на истиот квартал од 2008 година, како и во однос на третиот квартал од 2009 година.
Повеќе...
 
Даноци да се плаќаат одвоено од плата и придонеси

 
Во два дена да се плаќаат придонесите, платата и данокот. Владата ќе го прифати предлогот на стопанствениците и ќе ги раздвои термините за уплата. До 15-ти во месецот работодавците ќе мора да ги уплатат платите и придонесите, а десет дена покасно данокот.
Повеќе...
 
Фирмите да достават годишни даночни извештаи
Последни денови фирмите да ги достават до Управата за јавни приходи годишните даночни извештаи. До 15 февруари ваква обврска имаат сите компании, трговци поединци, занаетчии, лица со слободни занимања кои извршиле исплата на плата.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Микростопанствениците бараат фирмарина на рати

Долгот за фирмарина да се плаќа на рати, бараат трговците поединци. Велат дека сумите за кои Градот Скопје им ги блокираше сметките се поголеми од целиот промет што го прават во месецот.
 
Напишал Ф.М.
Повеќе...
 
Аукција на државни записи со досега најниска камата

 

Министерството за финансии од домашни купувачи, главно банки, собра 24,4 милиони евра кои ќе достасаат за враќање за шест месеци. Записите се со девизна клаузула и 5% камата, најниска стапка откако се издаваат.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Фирмарината за 2006 нема да се плаќа, останато на рати

 

Советот на Град Скопје денеска одлучил долгот што фирмите го имаат за фирмарина за 2006-та да им се отпише, додека од 2007-та наваму да го платат на рати, до 30-ти април.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Македонски ИКТ компании на Светскиот саем за информатички технологии ЦеБИТ

 
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ организира учество на македонски ИКТ компании на Светскиот саем за информатички технологии – ЦеБИТ, што ќе се одржи од 2-ри до 6 март во Хановер.
Повеќе...
 
Струмичани ќе се обучуваат како да започнат бизнис
Претприемачкиот сервис за млади од Скопје во соработка со холандската фондација „Спарк“ ќе обучи триесетина млади невработени лица од општина Струмица како да започнат сопствен бизнис.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Ќе паѓаат каматите на кредитите

 

Каматите на кредитите за стопанството ќе паѓаат. Од март ново поевтинување најавуваат банките откако вчера народната банка даде нов сигнал – ја намали основната камата за уште половина процент. Ова е трет ваков потег за два месеци.

Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Кредити за мали и средни претпријатија од ИК банка

Нова кредитна линија за мали и средни претпријатија од ИК банка. Вкупни 15 милиони евра ќе бидат пласирани во кредитирање на фирми од земјата. Кредитната линија ИК банка ја обезбеди од холандската демир Халк банка, мнозински акционер во ИК. Линијата, првично е одобрена на 24 месеци, но по потреба, информираат од банката, ќе биде и продолжена.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Казнената политика да се замени со едукација

 

Бизнис заедницата предлага нов модел на казнената политика на државата. Наместо високи суми условно ослободување од плаќањето на казната доколку прекршокот не се повтори во следните две години.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

JW Media Player

You must have Flash Player installed in order to see this player.

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Колку е покомплицирана работата, толку помалку време и помалку информации ќе ви бидат дадени.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

 

ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат нуди 10% пониски школарини за запишување на Европски Универзитет

ПСМ и Калаплакат инвестираат во ваc!

Оваа учебна 2010/2011 година ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат доделува 10% пониски школарини за запишување на Европскиот Универзитет во Скопје. Право на овие школарини имаат оние студенти кои годинава прв пат се запишуваат на една од насоките на Европскиот Универзитет. Школарината покрива дополнителни 10% од веќе постоечкиот попуст од трошоците за упис, кои секој нов студент треба да ги уплати и важи за сите видови на студии на Европскиот Универзитет: додипломски, постдипломски и докторски студии на било кој од факултетите на универзитетот.

Вашите апликации испратете ги на info@yes.org.mk во рамките на стандардниот уписен рок на Европскиот Универзитет.



Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН