Пад на индустријата, оптимизам за втората половина од годината
9,4% пад на индустриското производство регистрира Стопанската комора во првиот квартал од годината.
 
Најголемо негативно влијание на индустријата имале недоволната побарувачка во странство и дома, а потоа финансиските проблеми на компаниите и неизвесното економско опкружување.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Бројот на работници во индустријата намален за 6,5%

Бројот на работниците во индустријата во март 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 6.5%

Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Нов пад на индустриското производство
За 11,2% падна индустриското производство во март, споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика регистрира нов пад на индустријата, откако претходните неколку месеци надолниот тренд подзапираше.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Екокредити за енергетска ефикасност
ПроКредит банка понуди кредити за инвестирање во проекти за штедење на енергијата и  намалување на  загадувањето на животната средина.
Еко-кредитите се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен систем, како и нови поефикасни машини и нови возила.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Пониски камати за фирмите од Комерцијална банка

 

Комерцијална банка повлече нога. Прва објави дека ги намалува каматите на кредитите за фирмите. За еден процент се намалуваат стапките за новоодобрените денарски кредити од мај.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Светски ден на претприемништво, власта ветува поголем ангажман за подобрување на претприемничката слика

 

Државата ќе ги поддржи сите активности за нови и иновативни проекти на млади претприемачи. Заменик министерот за економија вети оти власта ќе се заложи за подобрување на вкупната претприемничка слика во земјава.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Почна изградбата на новата економска зона Скопје - 2

 

Стартуваа градежните работи за изградба на инфраструктурата на Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје - 2, лоцирана во продолжение на ТИРЗ Скопје - 1 на Бунарџик.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Платите во Македонија најниски во регионот
И покрај забрзаниот раст, платите во Македонија останаа меѓу најниските во регионот. Највисоки нето плати лани исплатени се во Словенија и во Хрватска, а Македонија има исто ниво на исплатени месечни примања на вработените како Србија и Романија, стои во најновиот извештај на Народната банка.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Даночни пријави преку интернет
Фирмите може да доставуваат даночни пријави на интернет. Управата за јавни приходи стартуваше со обуки за даночните обврзници. Системот за поднесување на пријавите функционира на интернет локацијата http://etax.ujp.gov.mk/.
 
Напишано од A.М.
Повеќе...
 
Семинар за Антикорупција во Скопје

 

По 4 успешни семинари организирани во Тетово, Прилеп, Битола и Велес, ПСМ Фондација го организира најголемиот семинар во Скопје. Семинарот е од огромна важност за проектот “Одговорно претприемништво за млади: креирање култура на антикорупција во приватниот сектор”, иќе се одржи денес, на 22.04.2010 во зградата на ЕУ Инфо Центар, со почеток од 10:00ч.
Повеќе...
 
11,3 милиони евра од третата транша кредити од ЕИБ

 

47 проекти на компаниите ќе се финансираат со третата транша на кредитите од Европската инвестициска банка. На сметките на деловните банки се префрлени 11,3 милиони евра колку што вредат вкупно побараните заеми. 75% од кредитите се за инвестициони активности со рок на отплата од пет години, а останатите се за трајни обртни средства со отплата до три години.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
25 милиони евра за мали и средни фирми

 

Нова можност за кредитирање на мали и средни претпријатија. НЛБ Тутунска банка позајми 25 милиони евра од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ. Парите од кредитната линија се за мали и средни компании од производните, услужните и трговските дејности. Стопанствениците ќе можат да позајмат максимално 750.000 евра, а кредитот да го враќаат со рок од пет години и грејс период од 2 години.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Државата да ја зголеми поддршката за промовирање на малите бизниси во странство
Стопанствениците бараат многу поголема ангажираност на Владата во промовирање на македонскиот бизнис на странски пазари.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

JW Media Player

You must have Flash Player installed in order to see this player.

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Ако Вашиот шеф не ја разбира Вашата работа, тој или ќе ја игнорира, ќе се преправа дека тој ја сработил, или ќе збесне.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

 

ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат нуди 10% пониски школарини за запишување на Европски Универзитет

ПСМ и Калаплакат инвестираат во ваc!

Оваа учебна 2010/2011 година ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат доделува 10% пониски школарини за запишување на Европскиот Универзитет во Скопје. Право на овие школарини имаат оние студенти кои годинава прв пат се запишуваат на една од насоките на Европскиот Универзитет. Школарината покрива дополнителни 10% од веќе постоечкиот попуст од трошоците за упис, кои секој нов студент треба да ги уплати и важи за сите видови на студии на Европскиот Универзитет: додипломски, постдипломски и докторски студии на било кој од факултетите на универзитетот.

Вашите апликации испратете ги на info@yes.org.mk во рамките на стандардниот уписен рок на Европскиот Универзитет.



Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН