ДДВ до 25-ти, пониски казни за неплаќачите
Намалени глоби за непријавување на ДДВ, а данокот ќе се плаќа наместо до 15-ти до 25-ти во месецот. Измените на Законот за ДДВ влегоа во собраниска процедура. Се носат на барање на бизнис секторот, да го олесни плаќањето на давачките во услови на криза.
Повеќе...
 
Трговската размена во пораст од 8%
Обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-април 2010 година е за 8 отсто поголем во однос на истиот период од 2009 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Intel business plan challenge
Вашата идеја за бизнис има можност да допре до претприемачите и инвеститорите во Силиконската Долина! Intel Challenge Europe е регионален натпревар во бизнис план, преку кој Intel ги пронаоѓа најдобрите претприемачи во технологија. Во натпреварот може да учествуваат сите полнолетни студенти или дипломирани на било кое ниво од академските студии, а најдобрите двајца учесници од Источна Европа ќе бидат дел од глобалниот Intel+ Berkeley  Предизвик во Претприемништво во технологија на универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Повеќе...
 
60 милиони за микро и мали претпријатија

 

Вкупно 60 милиони евра ќе обезбеди Европскиот фонд за југоисточна Европа- ЕФСЕ, кредити за микро и мали компании. Фондот парите ги дава на повеќе финансиски институции во земјава, тие ги пласираат во малото стопанство. Сумата ќе биде на располагање во следните пет години.
Повеќе...
 
Закрепнуваат преработувачките компании
Поповолна економска ситуација на преработувачките компании во април. Раководителите оценуваат оти од месец во месец работат во подобри услови, објави Државниот завод за статистика.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Прв натпревар за мобилни апликации во Македонија

 

Мобилниот оператор ВИП организира конкурс за избор на најдобри апликации за мобилни телефони кои ќе имаат локална примена во Македонија. Најдобрата идеја ќе биде наградена со 500 илјади денари и најнов модел на смарт телефон од марката ХТЦ, а корисниците апликацијата ќе ја користат бесплатно.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Ретко која компанија користи консултантски услуги

 

Само шест проценти од домашните компании некогаш користеле консултанти – 4.000 фирми од вкупно 70.000. Ова е најнова статистика, покажува оти иако во светот професијата консултант е скапо платена и многу барана, во Македонија компаниите немаат пракса да ја користат нивната услуга. 
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Македонија без проекти за екоиновации

 

Македонските компании досега немаат аплицирано за Програмата за конкурентност и иновативност (ЦИП), иако Македонија е меѓу првите земји од регионот, која уште во 2007 година пристапи кон неа со што и овозможи на бизнис заедницата можност да ги користи средствата од оваа програма.
Повеќе...
 
Први сертифицирани консултанти за преземања на компании

 

Со поддршка на УСАИД Проектот за конкурентност, 16 професионални консултанти од Македонија добија сертификати за преземање и спојување компании од реномираната француска Гренобл бизнис школа. Тоа практично овозможува да склучуваат зделки и да ги олеснуваат стратешките партнерства и заедничките потфати за домашните бизниси.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Производството на органска храна – профитабилен бизнис
Пласманот е слаб сепак производството гарантира профит. Во услови на се поголема побарувачка за овој вид храна во светот, домашните производители гледаат можност на ваков начин да ја зголемат заработувачката.
 
Напишано од А.М.
Повеќе...
 
Рекордна невработеност на младите во Македонија

 

Аларматни се податоците за невработеноста кај најработоспособното население во земјата кои велат дека секој втор од младите помеѓу 25 до 29 години нема работа. На дебатата на фондацијата Фридрих Еберт и Европската бизнис асоцијација беа повикани државата, стопанството и општеството итно да се фокусираат на решавање на еден од најгорливите проблеми на Македонија.
Повеќе...
 
10 милиони евра кредити за малите и средни претприjатиjа

ЕБОР jа поттикнува достапноста на финансираwе за реалната економиjа во Македониjа со финансиски пакет од 10 милиони евра за Оhридска банка, Сосиете @енерал Групаcиjа наменет за кредитираwе на мали и средни претприjатиjа.

 

Повеќе...
 
РОЏЕР КОУДРИ: ШАНСИТЕ ДА ВИ УСПЕЕ БИЗНИСОТ ВО ИНКУБАТОР СЕ 70%!

РОЏЕР КОУДРИ: ШАНСИТЕ ДА ВИ УСПЕЕ БИЗНИСОТ ВО ИНКУБАТОР СЕ 70%!

Роџер Каудри е меѓународен бизнис консултант кој менаџирал бизнис инкубатор во Велика Британија. Денеска живее во Анкара и е чест гостин во Македонија како соработник на YES Инкубаторот. Главната препорака на Каудри до младите претприемачи е да ја погледнат статистиката пред да одлучат како и каде ќе стартуваат бизнисот. Стапката на успех на бизнисите почнати во инкубација би требало да биде доволен аргумент да го посетите YES.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

JW Media Player

You must have Flash Player installed in order to see this player.

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Вработениот кој е најголем ентузијаст не добива ништо поголема плата од останатите.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

 

ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат нуди 10% пониски школарини за запишување на Европски Универзитет

ПСМ и Калаплакат инвестираат во ваc!

Оваа учебна 2010/2011 година ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат доделува 10% пониски школарини за запишување на Европскиот Универзитет во Скопје. Право на овие школарини имаат оние студенти кои годинава прв пат се запишуваат на една од насоките на Европскиот Универзитет. Школарината покрива дополнителни 10% од веќе постоечкиот попуст од трошоците за упис, кои секој нов студент треба да ги уплати и важи за сите видови на студии на Европскиот Универзитет: додипломски, постдипломски и докторски студии на било кој од факултетите на универзитетот.

Вашите апликации испратете ги на info@yes.org.mk во рамките на стандардниот уписен рок на Европскиот Универзитет.



Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН