Груевски: Економските промотори апсолутно оправадани

 

Концептот на привлекување странски инвестиции со економски промотори е исправен, смета премиерот.
Кризата ги забавила инвестициите глобално, но на долг рок Македонија треба да има бенефит од овој проект.
Повеќе...
 
За кредити нема, за записи има пари во банките

115 милиони евра врзаа банките во благајнички записи во Народната банка, и покрај смалената камата. Пониските приходи не ги предомислуваат слободните пари да ги пласираат таму, а не во кредити.

 

Повеќе...
 
МАТ Ервејс ќе понуди поефтини летови за 15%
Поефтини и редовни чартер летови најавува новоформираната авиокомпанија МАТ Ервејс.
Од 15 септември компанијата од Скопје ќе лета за Швајцарија, Италија, Германија и други земји, а цените, според раководството, ќе бидат за 10-15% пониски од актуелните.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Опаѓа бројот на туристи во Македонија
Паѓа бројот на туристите во земјава. Во првите шест месеци од оваа година во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 4,1 отсто.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
АЕК: Ќе поевтинува мобилната телефонија

Агенцијата за електронски комуникации очекува намалување на малопродажните цени во мобилната телефонија по септември поради наметната обврска операторите да ги намалат големопродажните цени на интернет конекциските договори за 15 отсто.

Повеќе...
 
Електронски каталог за инвестиции

Општината Аеродром во соработка со Амбасадата на Кралството Норвешка, подготвува електронски каталог за инвестиции. 

Каталогот практично е компјутерски софтвер со интерактивна мапа на која потенцијалните инвеститори ќе можат да ги видат сите инвестициски можности во таа општина.

Повеќе...
 
За фирмите има пари од ЕУ фондовите

До крајот на овој месец Европската унија ќе објави нови 53 повици за проекти кои може да ги финансира. За сите, право на учество имаат и македонски компании. Ќе се аплицира за проекти од областа на...

 

Повеќе...
 
Владата планира да бара уште пари за евтини кредити

 

Можно е да се повлечат уште 100 милиони евра од Европската инвестициска банка. Министерот за економија Фатмир Бесими тврди дека ако се искористат парите што останаа од првата транша, за евтини кредити за стопанството може да се позајмат уште средства. Министерот тврди оти слабата заинтересираност за кредитите е поради тоа што стопанствениците не се доволно информирани за условите за кредитирање.
Повеќе...
 
НБРМ: Влошена состојбата на корпоративниот сектор во 2009
Влошување на состојбите во корпоративниот сектор, детектира Народната банка во извештајот за финансиската стабилност на Македонија минатата година.
НБРМ регистира значително продолжување на бројот на денови за врзување на побарувањата, од 195 во 2008-та, на 259 во годината потоа. Пораснал и бројот на денови за плаќање на обврските од 304 на 381.
 
Напишано од Ф.М.
Повеќе...
 
Во септември оглас за 40 милиони евра од ИПАРД

 

Во втората половина на септември ќе биде објавен јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД). За средствата може да конкурираат земоделци и претприемачи во повеќе области, од земјоделство до развој на руралната економија и туризам.
 
Напишано од: Ф.М.
Повеќе...
 
Трговскиот дефицит намален, извозот во раст

Обемот на стоковната размена на Република Македонија во првото полугоди е за 10.3% поголем во однос на истиот период од 2009 година, објави државната статистика.

Повеќе...
 
Маркетингот е скап ама исплатлив

Во услови на долга економска криза малку од домашните, но и странски  компании одлучуваат да го рекламираат својот бизнис. Според некои анализи, двојно е намален профитот на телевизиите и весниците од реклами. Сепак бизнис аналитичарите порачуваат

Повеќе...
 
19,2 милиони евра за развој на човечки ресурси

Македонија доби 16,3 милиони евра од Европската комисија за Оперативната програма за развој на човечки ресурси во рамки на четвтата компонента на  Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Владата во проектот обезбедува 2,9 милиони евра од развојниот дел на буџетот.

Напишано од Ф.М.

Повеќе...
 
<< Почеток < Претходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

JW Media Player

You must have Flash Player installed in order to see this player.

Бесплатни обуки

Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.

Преку бесплатни обуки за
започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.

Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.

За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ


Марфиеви закони

Вашиот клиент ќе се јави баш кога вие ќе бидете на пауза, а кога ќе пробате да го побарате повторно тој/таа нема да бидат во нивната канцеларија.

Виктор Куновски

“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
 
 
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

 

ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат нуди 10% пониски школарини за запишување на Европски Универзитет

ПСМ и Калаплакат инвестираат во ваc!

Оваа учебна 2010/2011 година ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат доделува 10% пониски школарини за запишување на Европскиот Универзитет во Скопје. Право на овие школарини имаат оние студенти кои годинава прв пат се запишуваат на една од насоките на Европскиот Универзитет. Школарината покрива дополнителни 10% од веќе постоечкиот попуст од трошоците за упис, кои секој нов студент треба да ги уплати и важи за сите видови на студии на Европскиот Универзитет: додипломски, постдипломски и докторски студии на било кој од факултетите на универзитетот.

Вашите апликации испратете ги на info@yes.org.mk во рамките на стандардниот уписен рок на Европскиот Универзитет.



Банер

Банер

Банер


Банер

Банер

Банер

Банер

Бугарска мрежа на бизнис ангели


Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа.

повеќе...

TIPS OF THE WEEK

Just do it!

  • Најдобриот начин да остварите некоја навидум невозможна задача е да пробате да ја направите.
  • Најдобриот начин да престанете да пушите, е едноставно да престанете.
  • Најдобриот начин за едукација, едноставно е да читате повеќе.
  • Најдобриот начин да дознаете дали некоја девојка (дечко) е заинтересирана за вас или не, е да ја прашате.

 

 

 

Е-БИЛТЕН