Мотивација на вработените!

Парите се најголема мотивација!!!

Најверојатно повеќето си рековте, ДА така е! Но тоа е најголемата грешка што можете да ја помислите. Секако, парите се голема мотивација но не и најголемата.

Во минатите неколку обуки кога ќе дојдевме до делот за мотивација, секогаш имавме конструктивни дискусии со учесниците. Нормално, поголемиот дел се согласуваат дека парите се најголем мотиватор, но има и по некој што не се согласува. Парите се голем мотиватор (посебно во Македонија, поради тоа што малку ги имаме), но сепак не најголем. Мора да се разбие таа теорија.

Колку повеќе имате пари, толку повеќе играчките ќе ви стануваат поскапи. Тоа е најголемиот бенефит, но повторно ќе има многу други фактори кои ќе влијаат секогаш повеќе на вашето работење, мотивација и задоволство. Тимскиот дух, тимот, шефот, убава комуникација, можност за напредување, задоволство од работата (многу луѓе денес не се задоволни од она што го работат), забава итн. Со вашите колеги поминувате најголем дел од времето. Немој да мислите дека ако не комуницирате (живеете) добро со нив, ќе ви биде пријатно нивното друштво и работеэ ето и нема тоа да влијае на вашата продуктивност?! Парите се супер компензација на многу работи, но тие нема да ве натераат секое утро да станете од кревет и со жар и елан да тргнете накај работа.

Голем број од вработените трошат многу време на размислување и коментирање за тоа колку малку се платени и/или многу познатата реченица „За тие пари толку“. Има и многу кои тие свои незадоволства ги шират и надвор од круговите на компанијата. Тоа е нешто најлошо што може да се направи (и за компанијата и за вас). Во иднина ви препорачувам, наместо да се грижите за тоа како да добиете повеќе пари, размислувајте како да бидете подобри во она што го работите, да бидете подобри од она што сте биле вчера. Парите сигурно ќе си дојдат. ИЍ а една интересна книга што ви ја препорачувам. Се вика „Лидер без титула“ од Робин Шарма. Основната порака е да бидете најдобри во она што го работите, без разлика дали е професијата многу или помалку ценета, платена или престижна.

Бидете секогаш позитивни и насмеани, љубезни со своите клиенти, помагајте им на вашите колеги, учете постојано и ќе видите колку убава и мотивирачка ќе ви биде вашата работа. Во спротивно, секогаш можете да дадете отказ. Верувајте тоа е подобро и за вас и за компанијата. Вие сте немотивирани и полу-продуктивни, што директно влијае и го чини вашиот бизнис.

Еден од најголемите мотиватори (во професионалниот и приватниот живот) сте вие самите. Никој не може да ве мотивира подобро од вас самите. Вие доколку ги имате развиено вештините на: упорност (конструктивен инат), издржливост визија, дисциплина и континуирано учење, тогаш вие сте на добар пат да бидете вашиот најголем мотиватор.