27-28 Септември 2018, Торино Италија

IFIB, организиран од Асобиотек, Италијанската асоцијација за развој на биотехнологијата, заедно со InnovhubSSI, италијанскиот зелен хемиски кластер СПРИНГ, Универзитет во Торино и Стопанската комора на Торино, има за цел зајакнување на биоекономската мрежа во евро- Медитеранска област и промовирање на партнерства.

Фокусот на Форумот е биотехнологијата, како снабдувач на нови ресурси за индустриите.
IFIB2018 ќе се одржи на 27-28 септември 2018 година во Торино и ќе понуди конференција, настан EEN B2B.
Стопанската комора на Торино, како член на Enterprise Europe Network, во соработка со InnovhubSSI, организира два дена на претходно договорени билатерални состаноци (B2B) помеѓу стартап, компании, универзитети, јавни и приватни истражувачки центри во областа на индустриската биотехнологија и био-економија.
Учесниците ќе имаат можност  да најдат потенцијални партнери за соработка,  договори за лиценцирање, заеднички вложувања, истражувачки проекти, размена на искуства и можности за партнерство.
 
Главни теми:
  • Биоекономија и циркуларна економија
  • Енергија и животната средина
  • Био-базирани индустрии
  • Агро-храна
  • Морска биотехнологија
  • Биотехнологија
За повеќе информации на следниот линк https://ifib2018.b2match.io/