Компанија од Хрватска основана во 2013 година и насочена кон развој на нови технологии применливи во секојдневниот живот бара дистрибутери за еден од своите производи – иновативна климатска кабина што може да се применува во здравствениот и wellness секторот.

 
Кабината е направена од монтажни модуларни панели со димензии 2*2*2 метри, со можност за дизајн и на нестандарден модел согласно индивидуалните потреби на клиентите. Целта на овој производ е да им овозможи на потенцијалните корисници да уживаат во медитеранската клима во текот на целата година. Во кабината преку специјално креирана направа се постигнува ефект на далматински морски воздух, а дополнително како специјален ефект се произведува и сина термална вода.

Продуктот може да се применува во туристичкиот сектор, но исто така и во спортски клубови, вежбалници, и сл. Се бара дистрибутер кој има развиено дистрибутивна мрежа во туристичкиот и спортскиот сектор како и контакти со wellness и спа комплекси.
 
Контакт лице – Петре Филипоски (contact@mir.org.mk