RDGR20180508001

Предлогот ќе опфати предвидување, проценка на физички и сајбер-ризици, превенција, одговор и во случај на неуспех, ублажување на последиците (вклучувајќи нови дизајни за инсталацијата)  како и брзо закрепнување по инциденти. Предлогот има за  цел да постигне сигурност и издржливост на сите функции што ги извршуваат инсталациите и да се справи со проценката на сите меѓузависни аспекти на физички и сајбер-закани или инциденти.

Проектот ќе ја процени заканата од физички и сајбер-закани во реално време и ќе обезбеди сценарија и препораки за планирање на политики и мерки за инвестирање, кои ги опфаќаат сите аспекти на превенција, откривање, одговор и ублажување на последици. Предлогот  ќе се фокусира на инсталации кои припаѓаат на електраните и дистрибутивната инфраструктура. Главната цел е развој на софтвер DSS (Decision Support System) кој ќе ги процени заканите од физички и сајбер-ризици, и ќе посочи решенија за превенција, откривање и одговор.

Крајниот рок за изразување интерес е 15 јули 2018 година.
Рок на поднесување на проектот: 23 август 2018 година.

Контакт лице
Александар Филипоски
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk