Грчка компанија која произведува високо квалитетна козметика базирана на природен активен колаген и други модерни активни состојки има потреба од ширење на својата дистрибутивна мрежа во странски земји. Компанијата користи иновативен метод базиран на секреција на полжави кој резултира со висока концентрација на активни состојки како протеини, витамини А и Е, алантоин, гликолна киселина и колаген. Полжавите се одгледуваат во специјално создадени услови од страна на компанијата, а развиената технологија во 2013 година беше наградена на конресот за козметика во Париз.
 
Фирмата произведува две различни серии на козметички производи. Едната серија е препорачана за   индивидуална употреба, а другата серија е исклучиво наменета за професионална употреба и се доставува директно до дерматолошки центри, институти или бањи. Козметиката се произведува во Грција и ги поседува сите потребни светски и европски сертификати за квалитет.
 
Посакувани партнери за соработка се дистрибутери, дрогерии, хипермаркети, спа и велнес центри, институти и сл.
 
Контакт лице – Александар Филипоски (aleksandar.filiposki@yes.org.mk)   
(Реф. Број BOGR20170410001)