TRGR20180110001
Грчка консултантска фирма лоцирана на Пелопонез која работи со маслинки и произведувачи на маслиново масло бара напредни решенија за сите фази од процесот на производство на маслиново масло- одгледување, процесирање, пакување и продажба на маслинки и маслиново масло кои можат да се прилагодат на локалните потреби. Бараните решенија треба да се ефективни, лесни за употреба и подготвени за имплементација во индустријата.

Понатаму, фирмата е заинтересирана за технолошки решенија кои се однесуваат на прашањето за валоризација на отпадот по процесот на производство на маслиновото масло. Предложените решенија треба да бидат веќе достапни или блиску до пазарот и во можност за приспособување кон потребите на локалните компании и видот на маслинови дрва во локалниот екосистем. Исто, понудени решенија треба да донесат некои иновативни карактеристики кои ќе овозможат предност пред конкурентите, подобрено производство и минимизација на трошоците.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891